Servet Günerigök
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека обраќањето на Конгресот за состојбата на нацијата ќе го одржи дури по завршувањето на блокадата на американската Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската Влада е соочена со најдолгата блокада во историјата поради несогласувањата меѓу Белата куќа и Конгресот, за планот на Трамп за изградбата на ѕидот на американско-мексиканската граница.
Трамп доцна синоќа изјави дека челничката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, прво го повикала да одржи говор, а потоа го променила своето мислење.
„Ќе одржам говор кога ќе биде завршена блокадата на Владата. Немам намера да барам алтернативна шанса за говор бидејќи не постои место кое може да ѝ парира на историјата, традицијата и важноста на Претставничкиот дом“, порача Трамп на Твитер.
Блокадата на американската Влада трае веќе 33 дена и повеќе од 800.000 јавни службеници се принудени на неплатена работа и неплатен одмор.