Nilay Kar
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дриан, изјави дека е сосема нормално за Турцијa да сака да ги заштити своите граници, јавува Anadolu Agency (AA).
Осврнувајќи се на поставувањето безбедна зона во Северна Сирија, Жан-Ив ле Дриан, во говорот што го даде пред Сенатот на Комисијата за надворешни работи, рече дека тие ја разбираат загриженоста на Турција во врска со безбедноста.
Ле Дриан рече дека на меѓународниот состанок во Вашингтон кој ќе се одржи на 3 февруари, ќе се обиде да пронајде одговори на неколку прашања кои ги има во врска со безбедносната зона.
„За време на состанокот би требало да бидат дискутирани границите и гарантите за безбедносната зона во Сирија“, додаде тој.
Минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп изненадно ги објави плановите за повлекување на американските сили од Сирија.
Кога Трамп ја предложи идејата за воспоставување безбедносна зона во северниот дел на Сирија, официјалните претставници на САД побараа гаранција од Турција дека нема да спроведе операција против терористичката група ЈПГ/ПКК.
Турција ја поддржа идејата за воспоставување безбедносна зона во Сирија, но се спротивстави на барањето на САД во врска со терористите.