Haydar Hadi
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, им нареди на безбедносните сили да ги заштитат животите на сите во Киркук, во северниот дел на земјата, каде што синоќа беше покрената операција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што објави ирачката државна телевизија, Абади од вооружените сили побарал воспоставување на соработка со локалното население и со курдските сили пешмерги на тоа подрачје.
Агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа во северен Ирак соопшти дека ирачките безбедносни сили покренале операција со цел преземање контрола над нафтените извори и воените бази од силите пешмерги во северниот дел на земјата.
Во соопштението е наведено дека цел на ирачката војска е влез во градот Киркук и заземање на базата во која се сместени курдските сили пешмерги и заземање на нафтените извори.