Michael Hernandez
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во пожарите, кои од минатата недела беснеат во северните делови на Калифорнија, загинаа 40 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од пожарникарната служба во саботата соопштија дека пожарот го ставиле под контрола, но ненадејниот ветер во текот на вчерашниот ден ја влошил ситуацијата.
Големите пожари уништија над 200.000 хектари, како и околу 5.700 објекти. Локалните власти наведуваат дека над 9.000 пожарникари се борат со околу 15 активни пожари.
Десетици илјади жители се евакуирани од подрачјата зафатени со пожарите, додека повеќе стотици се водат како исчезнати.
„Катастрофата е огромна“, изјави гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, по посетата на погодените области.
Пожарите, кои од почеткот на годината избија на подрачјето на САД, нанесоа штета од околу две милијарди долари.