İdris Okuducu
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ЕРБИЛ (АА) - Агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа во северен Ирак соопшти дека ирачките безбедносни сили започнале операција со цел преземање на нафтените извори и воените бази од пешмергите во северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека целта на ирачката војска е да влезе во градот Киркук и да ја заземе базата во којашто се сместени курдските сили пешмерги и да ги заземе нафтените извори.