Cankut Taşdan
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) информираа дека во подрачјето на Хакурк извршиле воздухопловни операции во кои се неутрализирани четворица терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
ТСК преку својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели информации во врска со операцијата.
Во објавата се наведува дека во северниот дел на Ирак, во подрачјето на Хакурк, извршени се воздушни напади во кои се неутрализирани четворица сепаратистички терористи на ПКК, кои се подготвувале да изведат напад на турски бази во подрачјето.