Diyar Güldoğan
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес истакна дека Турција нема да дозволи формирање на никаков ентитет или пак терористички коридор кој претставува закана за интегритетот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Формирањето каков било ентитет кој претставува закана за нашето единство и интегритет, создавањето терористички коридор близу нашите граници... или каков било чекор во регионот неповолен за Турција, никогаш нема да биде дозволен“, истакна Акар во соопштението по повод Денот на републиката, којшто се одбележува секоја година на 29 октомври од 1923 година.
Акар рече дека Турција решително ја продолжува борбата против терористичките организации, особено против ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, како и против терористичката ПКК и нејзините сириски ограноци ПЈД и ЈПГ, како и против ДЕАШ, додавајќи. „Оваа борба нема да запре сè до неутрализирање на последниот терорист.“
„Република Турција верува во важноста на изнаоѓањето мирно, трајно и правично решение за проблемите, без индиферентност кон страдањето на другите луѓе и кон тензиите и судирите што ги опкружуваат“, истакна тој.
Официјалното прогласување на Турската Република од страна на Мустафа Кемал Ататурк се случи на 29 октомври, 1923 година, кога беше објавен статусот на република.
Потоа, во Големото народно собрание се одржа гласање на кое Ататурк, едногласно беше избран за прв претседател на Република Турција.