Esin Eşkinat Sayılgan
12 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во стампедото до кое дојде на музичкиот фестивал „Астроворлд“, што се одржа на 5 ноември во Хјустон, Тексас, Соединетите Американски Држави, со смртта на уште еден повреден, бројката на загинати се зголеми на 9, јавува Агенција Анадолија (АА).
Адвокатот на семејството Шахани соопшти дека починала Барти Шахани која беше тешко повредена во стампедото.
Со смртта на 22-годишната студентка, бројот на загинати во стампедото на музичкиот фестивал „Астроворлд“ се зголеми на 9.
Нејзиниот братучед Мохит Белани, кој бил со Шахани во моментот на инцидентот, тврди дека организаторите на фестивалот се одговорни за инцидентот, велејќи дека биле продадени поголем број билети отколку што тоа го дозволува капацитетот на просторот на кој е организиран фестивалот. Белани истакна дека стотици луѓе биле примени без билети и додаде дека обезбедувањето и тимовите за медицинска помош биле неискусни.
Осум лица загинаа, а стотици беа повредени во стампедото што се случи на 5 ноември додека раперот Тревис Скот настапуваше на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон.
Музичарот Скот по стампедото изјави дека се обидува да им помогне на семејствата на жртвите, меѓу кои најмладата имаше 14 години.
Едно лице повредено на концертот поднесе тужба за отштета во висина од 1 милион долари, обвинувајќи ги Скот и пејачот Дрејк кои настапуваа на бината за поттикнување на толпата.