Admir Fazlagikj
08 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – „Сабатон“ , „Лаибах“ , „Ла Пегатина“, „Ту Челос“, „С.А.Ф“ и Тони Китановски Лтил биг бенд, како и „Моудстеп“ се артистите и бендовите кои настапија на завршната вечер на 17-то издание на музичкиот фестивал Таксират во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Последната вечер од овогодинешното издание на фестивалот Таксират, во која беше приредено целовечерно музичко уживање со спомнатие познати артисти и бендови ја наполни скопската Метрополис арена со љубителите на урбаната музика.
Се се одвиваше според веќе најавената програма од страна на организаторот на фестивалот. Први настапија „Сабатон“, шведската пауер-хевиметал атракција, бенд, кој редовно настапува како предводник на големите светски фестивали.
По настапот на „Сабатон“, следуваше култниот словенечки бенд „Лајбах“ кои важат за едни од светски најпознатите арт-групи од регионов. На сцената се присутни повеќе од три децении. Како одминуваше времето, така се вжештуваше и атмосферата, за чија кулминација се погрижи каталонскиот бенд Ла Пегатина чиј настап беше проследен со голем итнерес од страна на присутната публика.
Некаде на полноќ, на ред дојдоа и хрватските инструменталисти, виолончелистите Лука Сушиќ и Стјепан Хаузер кои го сочинуваат дуото познато како „Ту Челос“, кое со својот настап допринесе за збогатување на репертоарот на последната фестивалска вечер. После нив, настапија домашните С.А.Ф и Тони Китановски Лтил биг бенд, а за самиот крај на овогодинешното издание на Таксират со својот ди-џеј сет се погрижија британците Моудстеп, со што беше завршено 17-то издание на музичкиот фестивал Таксират.
Според организаторите, Таксират е “посебен феномен во музичката приказна на Скопје. Сромен и раскошен дел кој илјадници луѓе од Македонија и целиот регион, веќе 17 години го чуваат како скришно место во градот и секој декември го претвораат во свој музички епицентар.“