Betül Yürük
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ЊУЈОРК
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел обвинувајќи го САД за нелојалност во однос на договорот за подморници потпишан меѓу САД, Англија и Австралија, изјави: „Администрацијата на Џо Бајден даде историска порака велејќи ‘Америка се врати‘, но, сега тоа го доведуваме во прашање. Не знаеме што значи Америка се врати, дали САД се врати во Америка или на друго место“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мишел, кој престојува во Њујорк во рамките на состаноците на 76. Генералното собрание на ОН, во изјавата за медиумите реагираше на договорот потпишан помеѓу Австралија, САД и Велика Британија, познат како „АУКУС“.
Коментирајќи ја администрацијата на Трамп, Мишел рече: „Беше многу јасно дека ЕУ не е корисен сојузник за него“.
Од друга страна осврнувајќи се на администрацијата на Бајден, Мишел реагираше со следните зборови: „Администрацијата на Џо Бајден даде историска порака велејќи ‘Америка се врати‘, но, сега тоа го доведуваме во прашање. Не знаеме што значи Америка се врати, дали САД се врати во Америка или на друго место.“
„Основниот принцип за сојузниците е транспарентноста и довербата, а тие одат заедно. Значи, што гледаме? Јасно забележуваме недостаток на транспарентност и лојалност", додаде Мишел.
По потпишувањето на договорот АУКУС меѓу Австралија, САД и Обединетото Кралство на 16 септември, беше соопштено дека е откажан договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (66 милијарди американски долари) со француската „Навал груп“ (глобален и главен француски изведувач во одбраната, специјализиран за поморско-базирана одбрана) за изградба на 12 конвенционални дизел-електрични подморници.
Оценувајќи го откажувањето на договорот како „предавство“, францускиот министер за надворешни Жан-Ив ле Дриан рече дека „биле застрелани во грб“.
Министерот Ле Дриан соопшти дека, по инструкциите на францускиот претседател Емануел Макрон одлучиле итно да ги отповикаат француските амбасадори во Канбера и Вашингтон за консултативни цели.