свет

Претседателот на Ел Салвадор, Букеле, на Твитер себеси се опиша како „Најкул диктатор во светот“

Претседателот Букеле, чии политики во последните недели наидоа на протести од страна на народот, излезгувајќи на улици, на својот профил на Твитер ја смени дефиницијата на себе.

Büşra Selvi Öğütcen  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Претседателот на Ел Салвадор, Букеле, на Твитер себеси се опиша како „Најкул диктатор во светот“ Фото: Архива / АА

САН САЛВАДОР

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во својот опис на профилот на социјалната мрежа Твитер напиша „диктатор“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Букеле, чии политики во последните недели наидоа на протести од страна на народот, излезгувајќи на улици, на својот профил на Твитер ја смени дефиницијата на себе.

Букеле, за себеси напиша: „Најкул диктатор во светот.“

Покрај тоа што се мислеше дека неговиот профил можеби е преземена од хакери, Букеле на Твитер продолжи со своите објави за Биткоин.

Се смета дека Букеле дефиницијата за него ја напишал за да го потцени описот „диктаторот“ што демонстрантите го користеа за време на демонстрациите.

Канцеларијата на претседателот на државата не даде изјава на оваа тема.

Џони Рајт Сол, пратеник на опозициската партија „Наше време“ (Nuestro Tiempo), истакна дека промената на описот на профилот на Букеле ја смета за „прилично детска“.

Илјадници луѓе од разни невладини организации и студентски здруженија излегоа на улиците во Сан Салвадор, главниот град на Ел Салвадор, за да протестираат против политиката на Букеле.

Жителите на Салвадор протестираа против уставната одлука донесена на 7 септември со која Букеле ќе може да биде реизбран.

Истиот ден демонстрантите скандираа против Биткоин, криптовалута која во Ел Салвадор е прифатена како легална валута.

Ел Салвадор стана првата земја што официјално го воведе Биткоинот.


- Букеле победи на изборите во 2019 година

Најиб Букеле победи на претседателските избори на 9 февруари 2019 година со голема разлика и се здоби со право да остане на оваа функција до 2024 година.

Една третина од 6,5 милиони жители на Ел Салвадор живеат под прагот на сиромаштија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.