Abdullah Aşıran
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ХАГ (AA) - Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) врз основа на спроведените истражувања потврди дека на 4. јуни, во нападот на сирискиот град Идлиб е користено хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
ОЗХО денес објави извештај за истрагата на нападот на сирискиот регион Хан Шејхун, кој на почетокот од април оваа година го извршија силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Во нападот загинаа околу 100 лица, а повеќе од 500 ги почуствуваа последиците од вдишувањето на отровниот гас. Во извештајот се потврдува дека во нападот е користен гас сарин.
„Жестоко го осудувам овој нехуман напад. Ова е напад што целосно е во спротивност со Конвенцијата за хемиско вооружување. Сите кои го извршија овој страшен напад треба да одговараат за тоа“, порача генералниот директор на ОЗХО, Ахмет Узумџу.