Ekipa
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во текот на операцијата „Маслинова гранка“, која Турските вооружени сили ја спроведуваат со цел неутрализација на терористичката организација ПЈД/ПКК во сирискиот град Африн, утврдено е дека во редовите на таа организација се наоѓаат и странски борци од европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн се неутрализирани повеќе од 1.600 терористи, а според информациите на социјалните мрежи, меѓу нив има и неколку државјани од европските земји.
Во текот на минатата недела, во Африн е неутрализиран терористот под кодно име „Баран Галиција“. Станува збор за Самуел Прада Леон од Шпанија. Неутрализиран е и терористот под одно име „Кендал Бреиз“, односно Оливер Франсоа Жан ле Клаинш од Франција.
Паралелно на ова, во судирите на крајниот исток од Сирија, во близина на сириско-ирачката граница, убиен е терорист на ПЈД/ПКК кој го користел кодното име „Баран Сасон“. Станува збор за Сјорд Хегер од Холандија.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, и во редовите на оваа група се наоѓаат поголем број странски борци од Европа и САД. Западните земји водат опсежна борба против странските борци во редовите на терористичката организација ДЕАШ, но таков однос немаат кон борците во редовите на терористичката ПЈД/ПКК.