Evren Aydemir
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
МИНХЕН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК претставува опасност за иднината на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЈПГ/ПКК е опасност за иднината на Сирија“, изјави Чавушоглу на програмата организирана во рамките на 54. Меѓународна конференција за безбедност, која се одржува во Минхен.
Тој ги демантираше наводите дека Турција се бори против Курдите, истакнувајќи дека таа исклучиво се бори против терористичките организации ПКК, ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ, Ал Каеда и Ел-Нусра.
Турскиот министер рече дека и минатата година било разговарано за Сирија и дека дотогаш немало значителен напредок. Тој, исто така нагласи дека во Јемен, за кого во последно време не се говори многу, се случува хуманитарна катастрофа.
Според него, ситуацијата е чувствителна и во Либија, и додаде дека Обединетите нации (ОН) треба да ги поддржат напорите во таа земја.
Чавушоглу посочи на новите тензии меѓу Израел и Палестинците до кои дојде откако американската администрација кон крајот на минатата година го призна Ерусалим (Кудс) за главен град Израел. Тој, исто така, истакна дека на сите овие тензии додадена е и кризата на земјите од Заливот.
„За нас е многу важна стабилноста на овој регион“, рече Чавусоглу, истакнувајќи дека несогласувањата на Блискиот Исток имаат негативно влијание врз напорите во Сирија.
Според неговите зборови, преговорите за Сирија одржани во Астана, Сочи и во Женева малку ја променија ситуацијата во Сирија, а постигани се и одредени успеси во борбата против терористичката организација ДЕАШ.
„Но, и покрај тоа, не можеме да кажеме дека целосно го поразивме ДЕАШ во Ирак или во Сирија“, рече Чавушоглу.
Тој додаде дека истовремено е разговарано и за начинот на којшто би можеле да се одржат изборите во Сирија. Истакна дека земјите од коалицијата која е бори против тероризмот сé уште немаат вистинска стратегија.
„Голема грешка е во борбата против една терористичка организација како што е ДЕАШ, да се избере друга терористичка организација“, истакна Чавушоглу, додавајќи дека тоа е грешка на моменталната, но и на претходната американска администрација.
Тој смета дека поддржувањето на една терористичка организација во борбата против друга терористичка организација во опасност ја доведува иднината и територијалната целовитост на една земја.
Турскиот шеф на дипломатијата потсети дека ЈПГ/ПКК ги ослободи терористите на ДЕАШ и дека сега тие заедно се борат против турските војници. Смета дека е неприфатливо земјите сојузнички да ѝ пружаат поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК.