САРАЕВО (AA) - Истражителен совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) во четврток, на 31 март, ќе ја донесе првостепената пресуда во предметот против Воислав Шешељ, лидерот на српската радикална партија, кој обвинението на Хашкиот трибунал го терети за воени злосторства и злосторства против човечноста направени во периодот помеѓу 1991 и 1993 година врз несрпското население во Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина во Србија.
Одлуката на Истражителниот совет во составот на Жан Клауд Антонети, претседавач, и судиите Мендиај Нианг и Флавиа Латанци, ќе биде соопштена четири години по завршување на судската постапка во предметот "Шешељ".
Хашкото обвинителство, на чело со обвинителот Матиас Маркусен, во завршните зборови бараше шешељ да се прогласи за виновен и осуди на газна од 28 години затвор. Шешељ, од друга страна, бранејќи се самиот себе, побара да биде ослободен.
Тврдејќи дека ќе биде осуден на 25 години затвор, Шешељ неколку дена пред изрекување на пресудата порача дека не о интересира и најави жалба "каква и да биде пресудата" . Изрекување на пресудата тој ќе го следи преку видеолинк од Белград каде од крајот на 2014 година се наоѓа на привремена слобода на која е пуштен поради влошената здравствена состојба. Инаку, тој овие денови во Србија учествува во предизборната кампања на неговата Српска радикална партија за предвремени парламентатни избори кои ќе се одржат на 24 април.
-Девет точки на обвинението-
Обвинението на Хашкото обвинителство го обвинува Воислав Шешељ по три точки за злосторства против човечноста и по шест точки за кршење на законите или обичаите на војување.
Според обвинението, Шешељ, освен индивидуалната одговорност, се терети дека направил злосторства и со учество во злосторничко здружување кое имаше за цел присилно трајко укинување на повеќетно хрватско, муслиманско и друго несрпско население од деловите на Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина во Србија. Обвинението наведува дека во тоа злостоничко здружување учествуваше со тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ (до разделување со него 1993 година) и другите функционери од политичките, воените и полициските структури.
Се наведува дека Шешељ помеѓу останатото, учествувал во регрутирање, формирање, финансирање, снабдување, поддршка и раководење на српските доброволни единици, т.н. шешељевци, кои се основани и поддржувани за да помогнат во извршување на ова злосторничко здружување.
Обвинението го терери Шешељ и за држење на подбуцнувачки говори со кои ги поттикнувал доброволните единици и другите српски сили на правење злосторства, поттикнуваше на создавање на хомогена "Голема Србија" , со западна граница Вировитица-Карловац- Карлобаг по пат на сила, како и дека на тој начин учествувал во ширење на воената пропаганда и ширење омраза кон несрпското население.
Во притвор на Хашкиот трибунал Шешељ беше од 24 февруари 2003 година кога доброволно се предаде откако што беше обелоденето обвинението против него, до ноември 2014 година. Судењето му започна на 27 ноември 2006 година, за да бргу после тоа, постапката биде прекината поради неговата здравствена состојба, а повторно започна на 7 ноември 2007 година.
- 89 сведоци на обвинението и повеќе од 1.300 доказни предмети-
Хашкото обвинителство во текот на судењето изведе 89 сведоци за да ги докаже наводите на обвинението и во список внесе повеќе од 1.300 доказни предмети.
Истражителниот совет на 4 мај 2011 година, издаде узмена одлука со која го отфрли обвинението за изрекување на ослободителна пресуда.
Судењето е завршено на 20. март 2012 година, а првобитното планирано изрекување на пресудата 2013 година е одложено поради измена на еден член од Истражителниот совет и давање време на новите судии да се запозна со предметот.
Со одлука на Истажителниот совет, Шешељ на 6 ноември 2014 година е пуштен на привремена слобода од хуманитарни причини поради влошување на здравствената состојба. Префрлен е во Србија шест дена подоцна.
Воислав Шешељ е роден 1954 година во Сараево, каде дипломираше на Правниот факултет и со 26 години се стекна со титулата доктор на науки. Во воведот на обвинението се наведува дека на почетокот бил комунист, потоа прераслнал во остар критичар на комунистичкиот режим во поранешна СФРЈ, а на почетокот на 80-те години од минатиот век разви блиски врски со групата на српските националисти. Властите на СФРЈ од 1984 го осудија за "контрареволуционерна дејност" поради што во затвор помина околу две години. Се наведува дека кон крајот на 80-те години живеел во Белград, патувал во САД и другите земји и одржувал врски со четничкото движење. Се доава и тоа дека претседателот на Движењето на четниците во слободниот свет 1989 година на Шешељ му доделил титула на четнички војвода.
Шешељ во јуни 1990 година ја основа Српската народна обнова, покасно преименувана во Српско четничко движење кое на изборите таа година освои 100 илјади гласови но ова движење југословенските власти набргу го забранија. За претседател на новооснованата Српска радикална партија избран е на почетокот на 1991 година а веќе во средината на таа година избран е за пратеник во Собранието на Република Србија.
"На речиси секојдневните митинзи и во текот на предизборната кампања повикуваше на единство на Србите и на војна против "историските непријатели" на Србија, односно против жителите на хрватската, муслиманската и албанската националност на територијата на поранешна Југославија", се наведува во воведниот дел од хашкото обвинение.
Во обвинението стои дека Шешељ од први август 1991 година или приближно на тој датум, до септември 1993 година делувајќи поединечно или како учесник во злосторничко здружување, планирал, наредил, поттикнувал, сторил или на друг начин поддржал планирање, подготвување или извршување, или физички извршил дела на прогонување на хрватско, муслиманско и друго несрпско цивилно население на територијата на Славвонија, Барања и Западен Сријем, во општините Зворник, на "пошироко подрачје на Сараево", во Мостар и Невесиње во БиХ и деловите на Војводина во Србија.
"Српските сили, вклучувајќи ги и доброволците кои ги регрутирал и/или поттикнувал Шешељ, ги напаѓале и преземале контрола над селата и градовите воспоставувајќи режим со цел несрпското население да се избрка од тие територии" , пишува во обвинението.
-Вуковар, Зворник, околината на Сараево -
Се наведува дека на стотици цивили се држани во објектот на Велепарламентот во Вуковар, земјоделската задруга Овчара, во Зворник во објектите Фабрика за обувки стандард, Цигланата, домовите на култура во Дрињача и Челопек, Техничкото училиште во Каракај, како и во општините во близина на Сараево, стадионот Врапчиќи кај Мостар, објектите во Невесиње.
Обвинението Шешељ го терети за депортација и присилно преместување на десетици хрватски, муслимански и други несрпски цивили од деловите на Војводина.
"На 6 мај 1992 година Воислав Шешељ одржа подбуцнувачки говор во селото Хртковци во Војводина во кое повика на протерување на Хрватите од тоа подрачје и прочита список со имиња на одредени жители Хрвати кои би требало да отидат во Хрватска. Dana 6. maja 1992. godine Vojislav Šešelj je održao huškački govor u selu Hrtkovci u Vojvodini u kojem je pozvao na protjerivanje Hrvata sa tog područja i pročitao spisak sa imenima pojedinih mještana Hrvata koji bi trebalo da odu u Hrvatsku. Како резултат на тој говор, извесен број на Хрвати одлучи да го напушти селото Хртковци", наведува Хашкото обвинителство додавајќи куќите на несрбите кои се натерани на заминување често ги населувале српски семејства раселени од другите делови на поранешна Југославија.
Обвинението наведува дека Шешељ во почетокот на ноември 1991 година, во текот на борбите кои српските сили ги воделе за да фо заземат Вуковар, го посети тој град и во таа прилика изјави: "Сиот тој простор наскоро ќе биде исчистен од усташи".
Во обвинението потоа е наведено водење на несрбите од вуковарската болница, како и убиство на повеќе од 200 луѓе на земjoделската задруга Овчара и закопување на телата во масовната гробница.
Во делот на обвинението кој се однесува на злосторствата во БиХ, Хашкото обвинителство наведува дека во март 1992 година Шешељ одржа говор на митингот во Мали Зворник, преку пат на Зворник во БиХ, на брегот на Дрина, велејќи: "Драги браќа Четници, особено Вие од другата страна на Дрина, ви сте најголемите јунаци. Ќе ја исчистиме Босна и Хервеговина од пагани и ќе им го покажеме патот кон истокот, каде што им е и местото". Се наведува дека со тој говор извршил или поттикнал прогонување на несрби во Зворник, који веќе во април нападнале српски сили, вклучувајќи ги доброволците наречени шешељовцки и "Арканови тигри" , при што е убиен голем број на несрби. Покрај останатото, се наведува дека српските сили, вклучувајќи ја групата на Шешељ, мачеле и убивале 88 мажи, босански муслимани во Домот на културата во Дрињача, во мај 1992 година.
Обвинението наведува и напади на српските сили вклучувајќи и доброволни наречени Шешељевци на "поширокото подрачје на Сараево" , од април 1992 година, односно на селата во општината Илијаш, Вогошќа и населбата Грбавица во Сараево, додаваји дека по преземањето на контролата несрбите биле во заложништво, претепувани, мачени и убивани.
Одвоено од обвинението за злосторства против човечноста и кршење на законите или обичаните на војување, Шешељ во три постапки пред Хашкиот трибунал е осуден поради непочитување на судот на 15, 18 и 24 месеци затвор.
Во текот на целата судска постапка Шешељ се обидуваше да го дискредитира МКСЈ и постапката која се води против него. Покрај останатото, бараше исплата на 12 милиони евра за, како што тврдеше, противправно држење во притвор. Неколку пати бараше изземање на судските совети кои ги водеа постапките против него, а тврдеше дека му е загрозено правото на одрбана, како и дека обвинението против него е "политичко".
news_share_descriptionsubscription_contact
