Kristina Maslareviç
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
БЕЛГРАД (АА) - Пресудата на обвинетиот од Хаг за злосторства против човештвото и кршење на законот и обичаите на војување, на Воислав Шешељ ќе му биде изречена на 31-ви март во 10:00 часот, во отсуство на обвинетиот, соопшти денес Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што се наведува во образложението на одлуката, која ја потпиша судијата Мандиаје Нијанг, пресудата ќе биде изречена на 31-ви март и покрај отсуството на обвинетиот „не затоа што неговото присуство не се бара, туку затоа што тој одбива да биде присутен а српските власти не применуваат адекватни средства за да го принудат на тоа”.
Хашкиот трибунал, исто така, го повика Шешељ до 22-ри март по писмен пат да го извести Судот дали сака да го следи изрекувањето на пресудата преку видео-линк од Белград.
Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, во јануари 2003 година го обвини Воислав Шешељ дека поттикнувал на злосторства против човештвото и за кршење на законот и обичаите на војување на подрачјето на Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина од 1991 до 1993 година.
Обвинет е дека преку своите „говори и изјави допринел кај извршителите предизвикал одлучност за извршување на наведените злосторства”.
Шешељ доброволно се предаде на Хаг на 24-ти февруари 2003 година, каде што во притвор, четири и пол години, го чекаше почетокот на судењето, до ноември 2007 година.
Со одлука на Судскиот совет на Хашкиот трибунал, во ноември 2014 година, пуштен е на привремена слобода во Србија до изрекување на пресудата, како што се наведува, од хуманитарни причини, бидејќи неколку недели претходно му се влошила здравствената состојба.