Amina Zorniç
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
САРАЕВО (АА) – Претседавачот со Советот на министри во БиХ, Денис Звиздиќ на прашањето од страна на новинарот како го коментира ослободувањето на Воислав Шешељ по сите точки на обвинението, рече дека е изненаден со таквата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
Звиздиќ се обрати на новинарите на конференцијата по повод годишнина на трудот на актуелната конволуција на Советот на министри во БиХ.
“Навистина не изненадивте, не можам да разберам некој за кој е докажано дека учествувал во планирањето на сето она што се случи во Бих да биде ослободен. Треба да се види како изгледа конечната одлука”, рече на кратко Звиздиќ.
Комората на Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија денес го ослободи Воислав Шешељ по сите точки на обвинението за воените злосторства во Хрватска, Војводина и БиХ.