политика

Коцијас: Сакате Македонија под влијание на Турција, или Македонија како пријател?

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, во врска со критиките упатени за Договорот со Македонија, изјави: „Дали сакаме држава ФИРОМ, која е под влијание на Турција, или сакаме соседна држава ФИРОМ, која е во добри односи со нас?..."

Furkan Naci Top  | 22.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Коцијас: Сакате Македонија под влијание на Турција, или Македонија како пријател?

Atina

АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, во врска со критиките, упатени од опозицијата кон Договорот што Грција го постигна со Македонија околу проблемот за името изјави: „Дали сакаме држава ФИРОМ, која е под влијание на Турција, или сакаме соседна држава ФИРОМ, која е во добри односи со нас? Не станува збор за брзоплета реакција, туку потребно е да дадеме одговор на ова прашање“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерот Коцијас, во специјалното интервју за грчката Државна новинска агенција АМНА, одговараше на прашања во врска со постигнатиот договор околу проблемот за името меѓу Грција и Македонија, како и за настанатата дипломатска криза со Русија.

Зборувајќи за грчките санкции кон четворицата руски дипломати, Коцијас изјави: „Грција е одлучна да ја испрати пораката дека ќе ги преземе потребните мерки кон сите пријатели, и кон оние кои тоа не се, и од исток и од запад, доколку ја прекршат укажаната почит од наша страна и претставуваат закана за нашата независност. Периодот на политиката на замижување остана зад нас.“

Во врска со одложената посета на Атина од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Коцијас рече: „Доколку се поистоветува со оние кои се депортирани или на кои им е забрането да влезат во Грција, негово е правото да не доаѓа.“

Истакнувајќи дека се созреани условите за Договорот меѓу Грција и Македонија околу „проблемот за името“, Коцијас изјави: „Дали сакаме држава ФИРОМ, која е под влијание на Турција, или сакаме соседна држава ФИРОМ, која е во добри односи со нас? Не станува збор за брзоплета реакција, туку потребно е да дадеме одговор на ова прашање.“

Коцијас рече дека не ја посакуваат Македонија во која се развива „фундаментализмот на Словените“ и северно од Грција, создавањето на можно „терористичко движење“, туку сосед со кој ќе имаат добро развиени географски и економски врски.

Минатата недела, во Грција „поради активности што претставуваат закана врз националната безбедност во земјата“, двајца руски дипломати се депортирани, а на двајца не им е дозволен влез во земјата.

Во вестите објавени во грчките медиуми се вели дека дипломатите се обвинети дека сакале да влијаат врз Договорот околу „проблемот за името“ меѓу Грција и Македонија, со поттикнување демонстрации и зголемување на реакциите во земјата.

По соопштението од Русија дека Лавров ја откажува посетата, до Грција е испратен устен и писмен протест во врска со санкциите кон руските дипломати и изјавите на грчките официјални лица против Русија.

Историскиот Договор за решавање на „проблемот за името“, што Грција и Македонија го имаат долги години наназад, предвидува Република Македонија да го промени името во „Република Северна Македонија“. Со овој чекор, се предвидува на Македонија да ѝ биде отворен патот за членство во НАТО и Европската Унија, но и во Македонија, и во Грција, некои групи, особено опозициските партии се против овој договор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.