Fakharur Rehman
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Земјотрес со јачина од 6.6 степени го погоди североисточниот дел на Авганистан, во близина на пакистанско-авганистанската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за Геолошки Истражувања на САД (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 38 километри западно од Ашкашам, населено место во Авганистан, на 210 километри длабочина.
Захид Рефи, директорот на Сеизмолошката Управа на Исламабад, Пакистан, соопшти дека штетата од земјотресот кој што се почувствувал и во Пакистан е многу мала заради неговата длабочина.