Hasan Özkal
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
АЛЕПО (АА) – Припадниците на терористичката организација ДАЕШ заземаа шест села во градот Азаз во регионот на Алепо и изведоа нов масакар во кој се убиени најмалку 20 цивили, претежно жени и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на опозициските сириски сили во Азаз, Зекерија Каршли, за АА изјави дека терористите на ДАЕШ минатата ноќ започнаа жестоки напади врз бројни села, кои во тој регион се контролирани од страна на бунтовниците на Ослободителната војска на Сирија.
Истиот извор изјави дека терористите денес до пладне ја презеле контролата врз најмалку шест села во Азаз кои се наоѓаат во непосредна близина на сириско-турската граница.
“Ослободителната војска на Сирија започна операција на враќање на контролата во тие села. Конфликтите се во тек и до сега се убиени најмалку осум теориристи. Припадниците на ДАЕШ убија најмалку 20 цивили во селата, претежно станува збор за жени и деца”, изјави Каршли.