Hatice Özdemir Tosun
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција немаше да биде во можност да се бори против тероризмот доколку не го оствареше напредок во одбранбената индустрија во последните 15 години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку Турција не оствареше напредок во одбранбената индустрија во поселдните 15 години, не само што немаше да може да ја реализира операцијата Маслинова гранка, туку немаше да може да спорведува антитерористички операции ниту во рамките на своите граници“, рече Ердоган за време на неговиот говор на состанокот на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Анкара.
„Фала му на Бога, нашата земја моментално има одбранбена индустрија со капацитет за производство во износ од 6 милијарди долари и извоз со вредност од 2 милијарди долари. Сепак, Републиканската народна партија (CHP) не е свесна за тоа“, додаде Ердоган.
- „Слободната сириска армија е цивилна структура" -
Претседателот на Турција изјави дека Слободната сириска армија е цивилна структура која е организирана со цел да ја заштити својата земја.
„Слободната сириска армија е една цивилна структура која е организирана со цел да ја заштити својата татковина, и ние ги поддржуваме. Тие се исто како „Kuvayi Milliye“ (Националните сили) за време на турската војна за независност“, рече Ердоган.