Ekipa
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Турските вооружени сили (TSK) и Ослободителната војска на Сирија во операцијата „Маслинова гранка“ од терористите на ПЈД/ПКК ги ослободија селата Сулејман Халил и Сати Шаги, западно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата за ослободување на овие села започна утрово.
На 11. ден од операцијата, во пет подрачја на Африн ослободени се 23 точки, од кои 18 села и пет стратешки брда.
Меѓу ослободените точки се наоѓа и стратешки значајното брдо Бурсеја.
Турските вооружени сили неутрализираа најмалку 649 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на Африн.
Турските претставници повеќепати повторија дека терористите се единствената цел на операцијата и дека турските сили прават сè за да ги заштитат цивилите во подрачјето.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.