свет

Европскиот суд на правдата со мислење околу органското халал месо

Судот во Франција побара мислење од Европскиот суд на правдата околу тоа дали може да се издаде етикета за органски животински производи од животни кои ќе се заколат без да претрпат шок

Şerife Çetin  | 20.09.2018 - Обновена : 21.09.2018
Европскиот суд на правдата со мислење околу органското халал месо

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Главниот обвинител на Европскиот суд на правдата, Нилс Вахл, истакна дека ќе може да се постави европска органска земјоделска етикета на животинските производи од животните кои ќе се заколат според исламските прописи, без да претрпи шок, јавува Anadolu Agency (AA).

Судот во Франција побара мислење од Европскиот суд на правдата околу тоа дали може да се издаде етикета за органски животински производи од животни кои ќе се заколат без да претрпат шок, за што главниот обвинител на највисокиот Суд на ЕУ кој се наоѓа во Луксембург, го соопшти своето мислење околу тоа.

Главниот обвинител нагласи дека може да се издаде европска органска земјоделска етикета за таквите животински производи.

Тој рече дека ако не се издаде таква органска земјоделска етикета за тие производи, тоа ќе ги лиши потрошувачите кои преферираат „халал“ или „кошер“ (koşer) производи, од квалитетот на органските производи и критериумите за безбедноста на храната.

Иако мислењето на обвинителот не е обврзувачко, се очекува дека одлуката на Судот ќе има големо влијание.

Се претпоставува дека конечната одлука во судскиот случај за тоа дали да се издаде органска етикета за халал производите, ќе биде соопштена во наредните месеци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın