Sibel Uğurlu
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Европскиот суд за човекови права отфрли околу 25.000 барања од турски државјани поврзани со минатогодишниот обид за државен удар, истакна турски судски претставник, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот одби да ги сослуша случаите поради тоа што жалителите не успеале да ги исцрпат судските процедури во Турција, изјави официјален претставник на Министерството за правда кој сакаше да остане анонимен.
Илјадници луѓе се уапсени или отпуштени од своите работни места поради постоење сомнение за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, од обидот за државен удар на 15 јули.
Според турските закони за вонредни состојби, кои се поставени кратко време по обидот за државен удар, оние што се отпуштени од своите работни места имаат право нивните случаи да ги разгледа соодветната комисија.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар, во којшто загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.