İsmail Çimen
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на турската Партија за национално движење (MHP), Девлет Бахчели, денес во Анкара изјави дека Соединетите Американски Држави (САД), ако се искрени и ако се во сојуз со Турција, најпрвин мора да ги прекинат контактите со терористичките организации, а потоа со првиот авион да го екстрадираат Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД мора да ги стават настрана моменталните интервенции и телефонската дипломатија. Ако се искрени, ако се во сојуз со Турција, САД прво мора да ги прекинат контактите со терористичките организации, а потоа на Турција со првиот авион и со врзани раце да го испорачаат предавникот и водачот на ФЕТО (Фетула Гулен )“, порача Бахчили.