свет

ОН: Израелските напади врз Иран го загрозуваат човековото право на живот

„Последните напади на Израел врз Иран се уште едно прекршување на забраната за употреба на воена сила според меѓународното право и Повелбата на ОН“

Gözde Bayar  | 19.04.2024 - Обновена : 20.04.2024
ОН: Израелските напади врз Иран го загрозуваат човековото право на живот

АНКАРА (АА) - Израелските воздушни напади во текот на ноќта врз Иран го загрозуваат човековото право на живот, изјави денес специјалниот известувач на Обединетите нации (ОН) за борба против тероризмот и човековите права Бен Саул, пренесува Анадолу.

„Последните напади на Израел врз Иран се уште едно прекршување на забраната за употреба на воена сила според меѓународното право и Повелбата на ОН и го загрозуваат човековото право на живот“, истакна Саул преку X.

Експертите на ОН, меѓу кои и Саул, претходно рекоа дека на сите земји им е забрането произволно да го лишуваат правото на живот на поединци во воените операции во странство, вклучително и кога се борат против тероризмот.

Според експертите, Израел не обезбедил никакво правно оправдување за нападот ниту го пријавил до Советот за безбедност, како што се бара според член 51 од Повелбата на ОН.

Експлозии беа пријавени во централниот ирански град Исфахан и западно од северозападниот град Табриз, објави државната новинска агенција ИРНА.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа откако Техеран во саботата изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени седуммина воени советници.

Израел вети воен одговор на нападот на Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.