Aynur Ekiz
10 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, зборувајќи за кршењето на правата на покриените муслимански жени во Европа, рече дека во многу европски земји денес се кршат основните човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).
„Најголемата жртви на песимистичката слика на Западот се жените муслиманки. Забраната за носење шамии во европските земји со текот на времето е сѐ поголема. Како што едно време беше ситуацијата во нашата земја, на жените муслиманки им е забрането учеството во јавниот простор. Свеста како жените муслиманки да се затворат во домот се шири како вирус. Денес во многу европски земји, покриените жени се ограничени кога станува збор за вработување, во некои случаи, а во некои случаи и во остварувањето на основните права во образованието. Оние што на сите начини се обидуваат да ни држат лекција за демократија и човекови права, во нивните земји ги кршат основните човекови права. Турција е една од ретките земји што укажува на оваа неправда и двојни стандарди“, рече Ердоган.