Sarp Özer
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара соопшти дека за турски амбасадор во Израел е именуван Кемал Окем, досегашен советник на премиерот за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го именувавме господин Кемал Окем, советникот на премиерот за надворешни работи, за амбасадор во Израел. И тие (Израел) именуваа свој амбасадор“, рече Ердоган пред неговото заминување за Пакистан.