Şerife Çetin
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата донесе одлука дека во етикатата на стоката што Израел ја произведува во окупираните територии треба да биде обележано местото на потекло, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот суд на правдата, највисокиот суд во ЕУ, со седиште во Луксембург, донесе одлука за предметот поднесен од две израелски компании против Франција.
Во одлуката се истакнува дека обележувањето на местото на производство на етикетата, на потрошувачот му дава можност да ги земе предвид сите елементи на производот.
Исто така, потрошувачите од „етички“ причини може да не ги користат стоките произведени во окупираните територии.
„Во етикетите на стоките произведени на териториите окупирани од израелската држава треба да се означува местото на потекло“, се истакнува во одлуката, и се додава дека потрошувачот има право да знае дека производот доаѓа од област каде што е прекршено меѓународното право.
Во 2015 година Комисијата на ЕУ донесе одлука со која се спречува употребата на етикетата „израелски производи“ во стоките произведени во нелегитимни населби на Западниот Брег, што ги окупира Израел.
Европската Унија вели дека политиката на Израел за населбите е нелегална и го крши меѓународното право.