Ekipa
20 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
АБЕРДИН (AA) - Повеќе лица се застрелани во пукотница на североисточниот дел на американската сојузна држава Мериленд, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници наведуваат дека пукотниците траат, а од Кабинетот на шерифот на округот Харфорд соопштија дека денес дошло до пукотница и дека има повеќе жртви.
Предупредено е дека ситуацијата е и понатаму опасна и дека луѓето го избегнуваат тоа подрачје. На терен е и ФБИ кој ѝ помага на локалната полиција.
Гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, изјави дека неговата канцеларија ја следи ситуацијата во Абердин и дека државата е подготвена да пружи каква било поддршка.