Ekipa
26 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Едно лице е убиено а три се повредени во пукотница што се случи во концертна сала во Њујорк каде што требаше да настапи хип-хоп музичарот Т.И, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пукотницата се случила во 10.15 часот по локално време во триспратната "Irving Plazа", во близина на плоштадот "Union" на Менхетен.
Полицијата соопшти дека 33-годишен маж е погоден во стомакот и дека е префрлен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Исто така, 34-годишен маж е застрелан во градите и е во критична состојба. Момче (26) и девојка (30) се погодени во нозете и не се во животна опасност.
Елијах Родригез, кој бил на концертот со својата сестра во ВИП секторот во близина на бината изјави дека Т.И требало да излезе на сцена во девет или 9:30 часот но воопшто „не се појави”, а околу 22.15 часот поголем број на луѓе почнаа да излегуваат од правец од каде што обично на сцена излегуваат музичарите кои настапуваат.
„Одеднаш чув пукање и дека некој е погоден”, раскажа Родригез.
На видео-снимката од салата се гледаат хаотични сцени во кои луѓето бегаат на сите страни обидувајќи се да излезат од салата, додека група луѓе стои околу лице кое лежи на подот.
Претставници на Т.И, чие вистинско име е Клифорд Џозеф Харис Јуниор, истакнаа дека не сакаат да одговараат на прашања во врска со пукањето, упатувајќи ги медиумите до полицијата.
Сè уште никој не е уапсен, а детални информации за инцидентот нема.