Mehmet Tosun
19 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АНКАРА (АА) - Европскиот суд за човекови права ја прифати жалбата која Република Турција ја поднесе на претходната пресуда во врска со притворот на поранешниот лидер на Народната демократска партија (ХДП), Селехатин Демирташ, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Стразбур, во ноември минатата година на лична апелација на Демирташ пресуди во негова корист и ги повика турските власти да преземат мерки и да го прекинат неговиот притвор. Во првостепената пресуда е наведено дека Демирташ прекувремено е задржан во притвор и дека зад целата постапка постојат политички и тајни мотиви.
Министерството за правда на Република Турција кон средината на февруари оваа година поднесе жалба и побара објаснување од Високиот совет на Судот.
Судот ја прифати жалбата на Турција и го пресуди случајот на повторно процесуирање пред Високиот совет.
Судот во Стразбур во 95 отсто од случаите ги одбива жалбите и барањата за обновување на случаите пред Високиот совет, што додадно дава на значајност на успехот на турскиот тим кој ја покрена жалбата.
Поранешниот копретседател на ХДП, Демирташ и уште 12 парламентарци на ХДП се уапсени во ноември 2016 година и против нив се водат судски постапки.
Претходно им е одземан парламентарниот имунитет поради обвиненијата за поддршка и поврзаност со тероризмот.