Ata Ufuk Şeker
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата донесе одлука дека судовите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) од дигиталната платформа „Фејсбук“ ќе можат да ги отстранат нелегалните содржини поставени низ светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот суд на правдата, највисокиот суд во ЕУ, со седиште во Луксембург, пресуди за случајот за нелегални содржини на платформата за социјални медиуми „Фејсбук“.
Судот пресуди дека правните органи на земјите членки можат да донесат решенија за отстранување или ограничување на пристапот до нелегалните содржини споделени на Фејсбук низ светот.
„Законот на ЕУ не спречува отстранување на нелегалните содржини од социјални мрежи како што е Фејсбук“, се истакнува во пресудата.