İslam Doğru
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ЊУЈОРК
Печатениот медиум „Њујорк тајмс“ (New York Times), кој е еден од високотиражните весници во САД, објави колумна по повод годишнината од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Во колумната под наслов „Сѐ уште постои правен долг кон Џамал Кашоги“, им се отстапува место на зборовите „Свирепото убиство на новинарот [Џамал Кашоги] покажа дека раководството на Саудиска Арабија им е непријател на новинарите. Неговите залагања не треба да останат залудни.“
Во текстот се наведува дека благодарение на цврстите докази што ги откри турската раузнавачка служба се покажало дека во најмала рака, новинарот Кашоги е убиен со знаење на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман. Во колумната се истакнува дека и покрај тоа, саудискиот престолонаследник сѐ уште се брани дека не знаел за убиството.
Во колумната се критикува и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој излезе во заштита на Бин Селман, при што се наведува:
„Иако по американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и истрагата на Обединетите нации (ОН), турските обвинители и Конгресот на САД го посочија принцот Мухамед, Трамп сето тоа го занемари - на него влијаеја продажбата на оружје [кон Саудиска Арабија], соочувањето со Иран, обезбедувањето на нафтените извори, и како што постојано во своите изјави ветуваше неговиот зет Џаред Кушнер, дека од животно значење е да се сочува ’пријателството‘ со принцот за да се изработи мировниот план на Блискиот Исток.“
- „Лагите Кашоги го направија моќен“
Во текстот се вели дека изминала една тажна година во која саудискиот престолонаследник, принцот Бин Селман, бесрамно го негирал своето соучесништво во смртта на Кашоги, а Трамп на еден бесчувствителен начин го посочил како невин.
„Но [по убиството], искажаните лаги Кашоги го направија моќен, покажувајќи дека се точни обвинувањата дека била злоупотребена автократската моќ. Тој стана инспирација за глобалниот врисок кој одекна во одбрана на слободата на печатот“, се вели во колумната.
Во текстот се истакнува дека со голема поддршка е одбележана годишнината од убиството на Кашоги и дека не испаднале добри пресметките на принцот Бин Селман дека смртта на Кашоги ќе ги запре критиките, и се потенцира дека глобалниот гнев го урнал внимателно градениот реформски имиџ на принцот Селман.
Во колумната се истакнува:
„Ништо не може да ја оправда ужасната смрт на Кашоги, но треба да се покаже дека барем не умрел залудно. На виделина излезе тиранијата на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман. Нациите кои им придаваат значење на човековите права и слободата на печатот, да вложат напори за почувствителна американска администрација, која во иднина ќе се сеќава на Кашоги, како и барање за брзи и трајни политички реформи во Саудиска Арабија.