свет

Помпео: „Мораме да го лишиме Иран од изворите од кои го финансира тероризмот“

„Сакаме да го лишиме Иран од изворите кои секогаш ги користи при финансирањето на терористичките напади во светот“

Barış Seçkin  | 03.10.2019 - Обновена : 04.10.2019
Помпео: „Мораме да го лишиме Иран од изворите од кои го финансира тероризмот“

РИМ (АА) - Мајк Помпео, шефот на американската дипломатија, упати повик за единство против агресијата на Иран, додавајќи дека е потребно Иран да се лиши од изворите од кои го финансира тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Помпео, за време на својата европска турнеја што ја започна во Италија, се состана со својот италијански колега Луиџи ди Мајо.

Двајцата министри, разговарајќи за политичко-трговските и економските односи, се осврнаа и на граѓанската војна во Либија и на други меѓународни теми.

По средбата беше одржана заедничка прес-конференција на која Помпео ѝ се заблагодари на Италија во врска со санкциите што Соединетите Американски Држави (САД) ги воведоа кон Либија, Авганистан, Ирак и Русија и за заземениот став кон администрацијата на Николас Мадуро во Венецуела.

- „Мораме да го лишиме Иран од изворите од кои го финансира тероризмот“ -

Помпео во своето обраќање истакна дека администрацијата на САД во последните две години не го променила својот став против „Иран кој го поддржува тероризмот“, потсетувајќи дека таа земја ја сметаат за одговорна за нападите врз саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“.

„Сакаме да го лишиме Иран од изворите кои секогаш ги користи при финансирањето на терористичките напади во светот“, нагласи Помпео.

„Потребно е да бидеме во единство против Иран кој претставува закана“, додаде Помпео, изјавувајќи дека со неговиот италијански колега зборувале околу откажувањето на лиценцата на иранската авиокомпанија „Махан ер“ (Mahan Air).

Во врска со последната ситуација во Либан, Помпео, истакнува дека во таа земја предност има воспоставувањето на прекинот на огнот под водство на САД.

„Од витално значење е да се намали насилството во земјата. Во тие рамки, се надеваме дека конференцијата што ќе се одржи во Берлин, ќе даде свој придонес во постигнување на мир во земјата“.

На прашањето во врска со годишнината од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, Помпео не даде никаков одговор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.