EkipA
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - И покрај сите барања на Турција, нејзиниот НАТО сојузник, Германија не спроведува сериозна борба против терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации на Европската Унија (ЕУ). Напротив, Германија на терористичката организација ПКК ѝ овозможува широк простор за дејствување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Германската разузнавачка служба (BfV), објавен оваа година, во оваа земја се наоѓаат околу 14.000 членови и поддржувачи на терористичката организација ПКК.
Иако во 1993 година беше забранета во Германија, терористичката организација ПКК со посредство на различни невладини организации и под маската на културни активности, продолжува да врши пропаганда, да собира средства и да обезбедува нови членови.
Турските власти во германското правосудство до денес испорачаа голем број документи во врска со припадниците на терористичката организација ПКК, на основа на кои се отворени 4.500 истраги. Сепак, забележлива е несериозноста во пристапот кон овој случај.
Турските барања за испорака на припадниците на ПКК упатени кон Германија се одбивани под изговор дека се работи за кршење на човековите права. Тие припадници на ПКК кои ќе се изведат пред германското правосудство, ќе бидат осудени на многу ниски затворски казни.
Германското правосудство во 2015 година осуди тројца „повисоки припадници“ на ПКК за „членство во терористичка организација“. Тие се осудени на затворски казни меѓу една и шест години.
Она што е интересно е дека не е можно да се добијат информации во текот на овие истраги во надлежното министерство, а сите барања се пренасочуваат кон локалните институции.
Од 1992 година наваму, Федералното обвинителство на Германија против членовите на терористичката организација ПКК подигнаа 71 обвинение.

- Двојни стандарди во борбата против тероризмот -
Двојните стандарди во борбата против тероризмот излегоа на површина и во однос на учесниците на странските боишта.
Германското правосудство отвори повеќе од 100 истраги против лицата што заминуваат во редовите на ДЕАШ, на подрачјето на Сирија, но истрагите не се спроведуваат кога се во прашање лицата што заминуваат во истиот регион за да пристапат во редовите на ПЈД, огранокот на ПКК во Сирија.
Според информациите од германските медиуми, најмалку 130 лица од оваа земја пристапиле и војувале во редовите на ПЈД/ЈПГ во Сирија. И покрај тоа, германското обвинителство до денес не започнало ниту една истрага против борците на ЈПГ.
- Активностите во Германија како главен финансиски извор за ПКК -
Според податоците на безбедносните структури, терористичката организација ПКК обезбедува околу 65 отсто од финансиите преку активностите во Германија.
Податоците од БфВ покажуваат дека ПКК само во 2015 година во Германија обезбедила повеќе од 13 милиони евра. Но, се претпоставува дека оваа организација преку долгогодишните криминални активности собира многу повеќе пари.
ПКК своите активности во Германија ги спроведува под водство на четворица „високи челници“, кои се задолжени за 31 област. Водечките луѓе на оваа организација надлежни за европската структура, вообичаено претстојуваат во Белгија, но имаат можност за слободно движење во Германија.
Исто така, познато е дека весникот „Нова слободна политика“, во малиот град Ној-Изенбург, недалеку од Франкфурт, е близок со терористичката организација.
Она што е, исто така, интересно е и фактот што германските власти ѝ дозволуваат на терористичката организација да ги спроведува своите активности, а нивните фестивали и слични активности ги посетуваат и до 20.000 лица. Битно е да се нагласи и поддршката што терористите на ПКК ѝ ја даваат на опозициската Левичарска партија.
Исто така, она на коешто Турција остро се противи е и вооружувањето кое преминува во рацете на терористичката организација ПКК.
Германската Влада во август 2014 година донесе одлука да даде поддршка во вооружувањето на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY), во рамките на борбата против ДЕАШ.
Но, во вестите од регионот се наведува дека еден дел од тоа вооружување исчезнал, и се претпоставува дека паднал во рацете на ПКК и ПЈД.