Nazlı Yüzbaşıoğlu,Zehra Ulucak
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - За време на шестгодишната војна во Сирија, животот го загубија половина милион лица, а само во последните 23 дена на подрачјето на сирискиот Алепо извршени се повеќе од 2.000 воздушни напади, изјавија активисти на Цивилната заштита и на Центарот за образование и здравство во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие порачаа дека ситуацијата во овој град се влошува од ден на ден. Според нивните податоци, под опсада се наоѓаат 271.536 цивили кои ја повикуваат меѓународната заедница да помогне во отворањето на хуманитарен коридор, или помошта да се достави бар по воздушен пат.
Окупацијата на Алепо трае 91 ден, а за во текот на последните 23 дена извршени се 2.300 воздушни напади. Нападите со различен вид на разорни бомби се извршени на различни места. Погодени се осум болници и здравствени центри, шест училишта, две пекари и два центри на цивилната заштита.
Активистите истакнаа дека цивилите во Алепо немаат пристап до медицинска помош.
„Војната во Сирија трае шест години. За време на воените случувања загинаа над 500.000 лица. За да се види воениот криминал во Сирија уште колку болници и училишта уште треба да се бомбардираат? Ситуацијата не може да биде позастрашувачка. Сега сме 2016 година, а под опсада се наоѓаат 271.536 лица. Светот е одговорен за смртта на 500.000 луѓе, но и за оние кои се заробени” , порачаа активистите.
Источниот дел на Алепо од 4 септември се наоѓа под опсада на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Бомбардирањето на ова подрачје, кое е под контрола на сириската опозиција, е интензивирано во последните девет дена. Како последица на воздушните напади не остана во функција ниту една болница ниту пак училиште.