Selen Temizer
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - СЕЛЕН ТЕМИЗЕР -
Градор Мунбич, кој се наоѓа на северниот дел на Сирија, претставува столб на проектот на терористичкиот коридер кој би се простирал долж границата со Турција во делот кој го контролира терористичката организација ПЈД /ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека Турција константно врши притисок на САД и терористичката организација ПЈД/ПКК за да го спречи терористичкиот коридор, терористите се противат на напуштање на градот за да го реализираат замислениот проект.
Градот Мунбич, инаку се наоѓа на западниот брег на реката Еуфрат, а оддалечен е цели 30 километри од границите со Турција. Мунбич кој му припаѓа на Алепо, се простира на површина од 26 километри квадратни.
Во овој град, во кој пред сириската војна живееја речиси 100 илјади лица, поголемиот дел од жителите се Арапите, со неколку илјади Курди и Туркмени.
Да се потсетиме, градот Мунбич во јули 2012 година го зазедоа опозициските сили, додека во јануари 2014 година падна во рацете на терористичката организација ДЕАШ. Терористите на ПЈД/ПКК преостанатата теорија на источниот брег на Еуфрат, со поддршка на САД, ја зазедоа кон крајот на 2015 година.
Оваа терористичка организација зазеде големинапори за да ја спои окупираната територија на источниот брег на реката Еуфрат со територијата на западниот брег.
Сепак, за да успее да ги спои и двата делови, потребно е од ДЕАШ да заземе дел од Мунбич на западниот брег како и градот Ал-Баб.
Според тоа, градот Мунбич за терористичката организација ПЈД/ПКК претставува важна алка со која би ја споиле окупираната територија а источниот брег на реката Еуфрат со територијата на западниот брег.
Да се потсетиме, ПЈД/ПКК моментално го контролираат коридорот кој се протега долж сириско турската граница, од градот Ел Хасеке до Мунбич.
Теорирстите на ПЈД/ПКК имаат за цел да ги освојат населбите Африн и Тел Рифат во Алепо како и градот Ал-Баб, кои би се приклучиле на Мунбич.
Силите на САД, под изговор на заедничката борба против ДЕАШ, помогнаа на силите на ПЈД/ПКК да влезат во Мунбич.
Припадниците на оваа терористичка организација со поддршка на американските воздушни напади и специјални сили во август оваа година го зазедоа градот од милитантите на ДЕАШ.
Организацијата ПЈД/ПКК поради реакцијата на Турција порача со градот да управуваат Арапите, тврдејќи дека со Мунбич не управуваат милитантите туку единиците на „ Демократските сили на Сирија ”.
САД и ветија на Турција дека, откако ќе го заземат Мунбич, милитантите на ПКК/ПЈД ќе го напуштат овој град во близина на турската граница.
Сепак, Вашингтон до сега не одржа ветување дека милитантите ќе се повлечат на источниот брег на реката Еуфрат.
Од друга страна, Вооружените сили на Турција (ТСК) и единиците на Слободната сириска армија (ФСА), во рамките на операцијата „ Штитот на Еуфрат”, константно вршат притисок на градот Мунбич.
Инаку, вооружените сили на Турција и едниците на слободната сириска армија, кои го опколија северниот и западниот дел на зградите на источниот брег на реката, се наоѓаат на околу 10 километри од самиот центар.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходно изјави дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат”, потребно е да се влезе во градот Мунбич, нагласувајќи дека Турција сака тоа подрачје да се ослободи од терористичките елементи.