Barış Gündoğan
03 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека Турција и Русија немаат ниту секунда за губење на бирократија, и дека мораат да вложат конструктивни напори за да се оствари трговска размена од 100 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред патувањето за Русија, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, осврнувајќи се и на економските односи на Турција со Русија.
„Ниту Русија, ниту Турција немаат ни една секунда за губење на бирократија. Нашата одлучност во таа насока ја искажавме повеќепати. Доколку сакаме да ја достигнеме бројката од 100 милијарди долари трговска размена, условот е заедно да преземеме конструктивни напори“, изјави Ердоган.
На прашањето да ја прокоментира изјавата на Дениз Бајкал, пратеник на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП), дека поранешниот претседател на Турција, Абдула Ѓул, би можел да биде кандидат на претседателските избори во име на преостанатите 49 отсто (гласачите кои кажаа 'не' на референдумот), претседателот Ердоган одговори:
„Сметам дека нема потреба да се навраќаме на тоа. Тоа е едно вирусно и интригирачко движење. Почитуваниот Бајкал нека престане да си игра и нека се занимава со сопствените проблеми“.
По прес-конференцијата на аеродромот во Анкара, турскиот претседател Ердоган отпатува за Русија, каде што на покана на рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во градот Сочи.