İlkay Guder
03 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
СОЧИ (АА) - По кризата што настана меѓу двете земји поради соборениот руски авион во декември 2015 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес, во претседателската резиденција во рускиот град Сочи, по петти пат ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата меѓу Путин и Ердоган, кој во Сочи ќе пристигне по поканата од страна на рускиот претседател, ќе бидат разменети мислења околу билатералните односи меѓу Турција и Русија, како и околу регионалните и меѓународните прашања, особено во врска со Сирија.
Се вели дека на оваа средба треба да се гледа како на продолжение на високите средби во рамките на процесот на дијалогот меѓу Турција и Русија.
На средбата меѓу Ердоган и Путин ќе се дискутира за билатералните прашања на Турција и Русија околу одбранбената индустрија, туризмот, трговијата, и подетално ќе се оценуваат регионалните прашања.
Исто така, на средбата се очекува да се разговара околу работните дозволи и визите на турските државјани што се занимаваат со трговија и живеат во Русија, како и околу активностите што им се забранети на компаниите.
По кризата што настана меѓу двете земји поради соборениот руски авион во декември 2015 година, турскиот претседател Ердоган денес, во претседателската резиденција во рускиот град Сочи, по петти пат ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, по средбите во Санкт Петербург, Кина, Истанбул и во Москва.
- На претходната средба двајцата лидери дадоа позитивни пораки -
Двајцата лидери последен пат се сретнаа на 10 март, на состанокот на Советот за висока соработка Турција – Русија, при церемонијата за потпишување на договорот и заедничката прес-конференција, а тогаш одржа и тет-а-тет средба во палатата Кремлин.
На оваа средба, Ердоган рече дека верува оти со средбата на советот завршил процесот на нормализација, и истакна: „Веќе не сакаме да го изговараме овој термин. Следно, очекуваме да се воспостави меѓусебна доверба и да се овозможи дијалогот на политичкото ниво да се прошири и на економската област“.
„Работиме активно за нашите односи да се доведат до нивото што го заслужуваат. Никој не очекуваше дека ќе се воспостави ваква блиска соработка на воените и разузнавачките служби меѓу Турција и Русија“, истакна тогаш Путин.
Од друга страна, Путин тогаш нагласи и дека е донесена политичка одлука за укинување на ограничувањата за турските компании, и истакна: „Почитуваниот претседател (Ердоган) и денес разговараше за оваа тема. Особено се алудираше на турските работници кои работат во секторот на градежништвото, каде што се применуваат овие забрани. Денес се договоривме со почитуваниот претседател кога ќе се укине ова. Оваа забрана ќе се укине во најкратко време. По нашиот денешен договор, оваа веќе не ништо друго освен едно техничко прашање. Ќе продолжиме со решавањето на останатите теми“.