Kübra Chohan
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
БУХАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес замина за Јужна Кореја, како дел од последната станица од неговата турнеја во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган ќе престојува во Сеул до 3 мај, на покана на неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин.
Теми на средбата ќе бидат билатералните односи, а ќе бидат разгледани и одредени регионални и меѓународни прашања.
Претходно, во текот на денот, турскиот претседател, заедно со узбекистанскиот претседател Шевкет Мирзијоев, посети некои од најзначајните културни споменици во градот Бухара, со што ја заврши тридневната официјална посета на Узбекистан.
Претседателот Ердоган е придружуван од голема делегација, во која е неговата сопруга, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи на Турциија, Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, шефот на разузнавањето, Хакан Фидан, вицепремиерот Хакан Чавушоглу, министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, министерот за наука, индустрија и технологија, Фарук Озлу, министерката за труд и социјална политика, Жулиде Сариероглу, министерот за царина и трговија, Булент Туфенкџи и портпаролот на Претседателството, Ибрахим Калин.