Gökhan Ergöçün
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција, минатата година беа креирани 549.000 нови работни места, објави Турскиот статистички институт Туркстат, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Бројот на вработени лица на 15-годишна возраст и повеќе, изнесува 28,74 милиони лица со пораст од 549.000 лица“, соопштија од Туркстат.
Оттаму велат дека стапката на вработеност минатата година изнесувала 47,4 отсто, 65,7 отсто за мажи и 29,4 отсто за жени, што е пораст за 0,3 процентни поени во однос на 2017 година.
Од вработените лица во 2018 година, 18,4 отсто биле вработени во земјоделскиот сектор, 19,7 отсто во индустријата, 6,9 отсто во градежништвото и 54,9 отсто биле вработени во услужниот сектор.
Во земјата, стапката на учество на работната сила, исто така, се зголемила за 0,4 процентни поени, достигнувајќи 54,2 отсто, односно 32,27 милиони лица.
Стапката изнесуваше 72,7 отсто за мажи и 34,2 отсто за жени.
Во меѓувреме, стапката на невработеност во Турција изнесувала 11 отсто, односно 3,54 милиони луѓе, што е пораст за 0,1 процентен поен во 2018 година, во однос на претходната година.
Стапката на невработеност кај мажите била 9,5 отсто, додека кај жените 13,9 отсто.
Невработеноста во неземјоделскиот сектор во 2018 година изнесувала 12,9 отсто, а стапката на невработеност кај младите (15-24 години) изнесувала 20,3 отсто.