Турција

Врховната изборна комисија на Турција ги заврши подготовките за локалните избори

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), Сади Ѓувен, истакна дека се завршени подготовките за претстојните локални избори во земјата, што ќе се одржат на 31 март

Aylin Sırıklı  | 25.03.2019 - Обновена : 26.03.2019
Врховната изборна комисија на Турција ги заврши подготовките за локалните избори

АНКАРА (АА) - АЈЛИН СИРИКЛИ ДАЛ -

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), Сади Ѓувен, истакна дека се завршени подготовките за претстојните локални избори во земјата, што ќе се одржат на 31 март, јавува Anadolu Agency (AA).

Ѓувен изнесе податоци за новата зграда во која вработените на Комисијата ќе ги следат претстојните избори. Тој потсети дека рушењето на објектот започнало во март 2016 година, а изградбата во април 2017 година. Тој појасни дека поради теренот, рушењето траело подолго од изградбата.

Истакна дека во одредени дистрикти помалите подготовки за изборите сè уште се во тек, но дека тие во голема мера се завршени. Ги повика сите граѓани да излезат на изборите.

„Демократијата така се воспоставува“, рече Ѓувен.

Според неговите зборови, избирачките листи се ревидирани на 23 март.

„Имаше наши граѓани кои заминале на отслужување на воениот рок. Имаше и починати. Исто така, имаше и луѓе за кои се донесени одредени ограничувања“, појасни Ѓувен.

Тој додаде дека според податоците на Дирекцијата за граѓани добиени на 23 март 2019 година, бројот на починати изнесувал 61.332, на 551 лице им е одземено државјанството, а поради одредени ограничувања на надлежните институции, нема да можат да гласаат 4.949 лица.

Поточно, вкупно 149.669 лица нема да можат да гласаат на овие избори.

Ѓувен изјави дека во Адијаман, Агри, Артвин, Бингол, Битлис, Дијарбакир, Елазиг, Ерзинџан, Ерзурум, Газиантеп, Гиресун, Ѓумушане, Хакќари, Карс, Малатија, Кахраманмараш, Мардин, Муш, Орду, Ризе, Сирт, Сивас, Трабзон, Тунџели, Шанлиурфа, Ван, Бајбурт, Батман, Ширнак, Ардахан, Игдир и Килис избирачките места ќе бидат отворени во седум часот по локално време, а ќе се затворат во 16 часот. Во другите градови ќе се отворат во осум часот, а ќе се затворат во 17 часот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.