Sarp Özer
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АНКАРА (АА) - Авионите на Турските воздухопловни сили немаат учествувано во какво било пресретнување или вознемирување над Егејското Море, соопштија денес извори блиски на турската Војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот премиер Алексис Ципрас наведе дека во текот на денешните активности бил вознемируван од Турската авијација над Егејското Море, а неговите наводи ги пренесоа и некои медиуми.
Турската страна ги отфрли овие наводи со напомена дека авионите не учествувале во никакви активности на пресретнување или вознемирување, како што е наведено претходно.
Авијацијата во текот на денот ги извршувала своите редовни активности.