?kipa
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 12 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ се лишени од слобода во операцијата што ја започна турската полиција рано изутрина во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата за терористичката организација ДЕАШ, Државното обвинителство во Анкара издаде наредба за апсење на 20 осомничени лица.
Досега полициските сили уапсија 12 осомничени лица, а трагаат по останатите осум.
Полициски официјални лица соопштија дека операцијата била детално испланирана претходно и дека станува збор за апсење осомничени лица кои се странски државјани, коишто престојувале на странски воени полиња и регрутирале млади луѓе да му се приклучат на ДЕАШ.