Ekipa
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека договорот потпишан во Астана, меѓу Турција, Русија и Иран, како гаранти на страните во конфликтот во Сирија, подразбира формирање на зони без оружени судири на подрачјето на целиот регион на Идлиб, делумно на подрачјето на Лазкија, Алепо, Хама и Хомс. Договорот подразбира формирање на зони без судири во деловите на Дамаск и Источна Гута, Дера и Кунејтра, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција во пишано соопштение изрази задоволство со договорот за формирање на зони без судири во Сирија, кој денес го потпишаа Турција, Русија и Иран, како гаранти на завојуваните страни.
Во соопштението на турското министерство е истакнато задоволството поради фактот што договорот подразбира целосен прекин на борбените активности во повеќе региони, што ќе овозможи и навремено и континуирано доставување помош.
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров денес во Москва истакна дека овој договор отвора можност за потполн прекин на судирите во Сирија.