Orhan Onur Gemici
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
АНКАРА (АА) - „Според извештајот за миграции во Турција за 2016 година, бројот на странски студенти и ученици кои се школуваат во образовните институции, универзитетите и образовните центри кои се дел од Министерството за национално образование (МЕБ) во Турција изнесува 795.962, од кои 232.714 во образовните институции, 103.727 на универзитетите и 459.521 во привремени центри за школување, јавува Anadolu Agency (AA).
Директоратот за миграции, кој е дел од Министерството за внатрешни работи на Турција, подготви извештај под наслов „Извештај за миграциите во Турција за 2016“, каде што во делот за странци се дадени податоци поврзани со странските студенти кои се образуваат во Турција.
Во подготовката на податоците во извештајот на МЕБ се користени информациите од Министертвото за млади и спорт, Советот за високо образование (ЈОК) на Турција и од Претседателството на Турците во странство и сродните заедници.
Според извештајот, дозвола за престој во Турција минатата година, како студенти добиле вкупно 61.116 странци, од кои 10.528 Азербејџанци и 6.600 Туркмени.
Во учебната 2016 – 2017 година, на турските универзитети се школуваат 103.727 студенти. Најмногу студенти, 15.036 има од Азербејџан, потоа 14.765 од Сирија и 10.642 од Туркменистан.
Поради фактот што универзитетите ги запишуваат странските студенти надвор од студентската дозвола за престој, според други статуси, односно има студенти запишани на универзитетите, а кои сѐ уште не добиле дозвола за престој или странски студенти за кои сѐ уште не е завршен процесот за издавање на дозволата за престој, се јавува разлика меѓу странските студенти кои се запишани на универзитетите и странците кои добиле дозвола за престој.
Според податоците на Министерството за национално образование (МЕБ) во Турција, од образовните институции кои се дел од неа, во учебната 2016 – 2017 година во Турција се школуваат 232.714 странски студенти. Најголем број студенти има од Сирија, 166.482, по која следува Ирак со 23.971 студент.
Во рамките на проектот за непрекинато образование на сириските бегалци кои се наоѓаат во Турција, од 9 март 2017 година, бројката на Сиријците кои се школуваат се искачи на 459.521 лице. Во привремените центри за школување, Сиријците се школуваат на својот мајчин јазик.
На тој начин, вкупниот број на лицата што се школуваат во Турција изнесува 795.962, од кои 232.714 во образовните институции, 103.727 на универзитетите и 459.521 во привремени центри за школување.
Бројот на странски предавачи кои во учебната 2016 – 2017 година се на должност во високообразовните институции, според податоците, заклучно со 17 февруари 2017 година изнесува 2.864. Од нив, 367 се државјани на САД, 331 на Сирија, а 255 се државјани на Азербејџан.
- Стипендии за странските суденти -
Турција обезбедува и стипендии за странските студенти. Во тие рамки, минатата година во студентските домови, кои се дел од Министерството за млади и спорт, престојуваа вкупно 2.332 странски студент. Од нив, 1.868 странски студенти престојуваа како стипендисти на Турција, со сопствени можности 446 студент, а како стипендисти на владата на Авганистан 17 студенти.
Во координација со Претседателството на Турците во странство и сродните заедници, во 2016 година се доделени 3.995 стипендии на странски студенти од 142 земји. Минатата година им беа доделени стипендии на 275 студенти по потекло од Сирија за прв и втор циклус на студии.
Од друга страна, во 2016 година дозвола за престој им е доделена на 727 странски спортисти и тренери. САД е на првото место, со 174 спортисти и тренери.