Турција, образование

Успешните студенти со турско и странско државјанство поканети да го продолжат образованието во Турција

Понудени се нови можности за студентите кои сакаат да се префрлат на универзитетите во Турција, а притоа студираат на странските универзитети кои се наоѓаат меѓу првите илјада на ранг-листата за најдобри универзитети

Selma Kasap  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Успешните студенти со турско и странско државјанство поканети да го продолжат образованието во Турција

АНКАРА (АА) - СЕЛМА КАСАП -

Претседателот на Советот за високо образование (YÖK), д-р Јекта Сарач, ги покани успешните студенти со турско државјанство, кои се образуваат во странство, и учениците со странско државјанство, кои сакаат да се образуваат надвор од својата земја, да продолжат со образованието во елитните високообразовни институции во Турција.

Сарач во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека донесени се нови одлуки за студентите со турско државјанство кои се образуваат во странство и поради Ковид-19 сакаат да се вратат во својата земја и за учениците со странско државјанство кои сакаат да се образуваат надвор од својата земја.

Земајќи ја предвид глобалната економија поради Ковид-19, Сарач истакна дека нудат нови можности за студентите кои сакаат да се префрлат на универзитетите во Турција, а притоа студираат на странските универзитети кои се наоѓаат меѓу првите илјада на ранг-листата за најдобри универзитети.

Тој рече дека во рамките на новите можности студентите од првата и последната година од студиите ќе можат да се префрлат на елитните универзитети во Турција доколку сакаат и ги исполнуваат условите.

Јекта Сарач посочи дека ќе претставува добра можност за Турција доколку се вратат тие студенти што студираат на странските универзитети, кои се наоѓаат меѓу првите илјада на ранг-листата.

Тој меѓу другото истакна дека поради епидемијата, на студентите кои не сакаат да одат на странските универзитети каде што се запишани, ќе им биде овозможено на тие универзитети да го продолжат образованието од далечина. Исто така ќе имаат можност да студираат и во високообразовните институции во Турција.

- Странските студенти ќе имаат право на предрегистрација -

За да се овозможи Турција и понатаму да биде привлечен центар за студентите од странските земји, Сарач рече дека странските студенти ќе имаат право на предрегистрација, а потоа регистрацијата да ја направат до 15 декември 2020 година.

Претседателот на Советот за високо образование (YÖK) наведувајќи дека од јавноста позитивно се прифатени одлуките донесени за олеснувањата за трансферот на успешните студенти од странство на универзитетите во Турција, нагласи: „Успешните студенти со турско државјанство, кои се образуваат во странство, и учениците со странско државјанство, кои сакаат да се образуваат надвор од својата земја, ги покануваме да продолжат со образованието во елитните високообразовни институции во Турција.“

Проф. д-р Сарач додаде дека бројот на странски студенти, кој пред 5 години изнесувал 48 илјади, во рамките на Проектот за интернационализација започнат од страна на Советот за високо образование (YÖK) достигнал бројка од 180 илјади студенти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.