Ekipa
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Канцеларијата за високо образование на Турција (YОК) Јекта Сарач, изјави дека на универзитетите во земјата се разрешени од должност 4.797 лица во врска со терористичката организација ФЕТО, по обидот за државен удар на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Сарач беше гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара, каде што одговараше на прашања од новинари и уредници на АА од сите делови на светот.
Тој се осврна на суспендирањето на дел од академскиот кадар поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар во земјата, од 15 јули
„До денес, од универзитетите се разрешени 4.797 лица, вклучувајќи 3.850 академски и 947 административни кадри. Еден дел од вработените поднесе жалба на оваа одлука, а 16 од нив се вратени на позиција“, рече Сарач.
Тој нагласи дека поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, статус на привремено суспендирани имале вкупно 3.025 луѓе. Од нив, 1.079 се вратиле на должност, додека останатите 1.946 сè уште го имаaт тој статус.