Турција

Во рамки на истрагата против структурите на ФЕТО во турската Војска уапсени 72 лица

Во рамките на истрагата што ја води Обвинителството во Истанбул, распишана е потерница за 118 припадници на ФЕТО во Вооружените сили на Република Турција, меѓу кои 98 лица активен воен персонал

Murat Kaya, Halil Demir  | 02.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Во рамки на истрагата против структурите на ФЕТО во турската Војска уапсени 72 лица

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 72 лица се уапсени во неколку турски градови по потерница, како дел од истрагата против терористичката организација ФЕТО/ПЈП. Станува збор за апсења на структурите на ФЕТО инфилтрирани во Вооружените сили на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во рамките на истрагата што ја води Обвинителството во Истанбул, распишана е потерница за 118 припадници на ФЕТО во Вооружените сили на Република Турција, меѓу кои 98 лица активен воен персонал. Акцијата за апсење се спроведува во 35 турски градови, а досега се уапсени 72 лица.

Од Обвинителството во Истанбул е наведено дека распишана е потерница за вкупно 118 лица за кои е утврдено дека ги користеле системите за шифрирана комуникација во структурите на ФЕТО.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја бараше од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години преку местење на испитите напредуваа во службата, на тој начин инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, првин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во турското правосудство се обидоа преку монтиран процес за наводна корупција да процесираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч изведен од офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа и турските власти. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın